19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Шекеринска очекува на владина седница утре да се дискутира за вакцините преку Ковакс механизмот

Најчитани вести

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од Ковакс механизмот.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи дека се додека не добијат информации и владините министри, за сите овие прашања да се комуницира со институциите задолжени за тоа, потенцирајќи дека нема понови информации од она што е познато во јавноста.

– Знам уште од претходно дека сите услови кои се побааруваа во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални разговори околу користење на мехнизмот бевме посочени како држава која ги исполнува условите, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по денешната промоција на новиот софтвер за тестирање на знаењата на англискиот јазик на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, согласно НАТО стандардот – СТАНАГ во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во скопската касарна „Гоце Делчев“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести