10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Шекеринска – Не треба да се загрозува членството во НАТО

Најчитани вести

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска вели дека би било неодговорно да направиме што било што ќе го загрози членството во НАТО. Баравме земјите членки да брзаат и ние треба мудро да го искористиме времето. Прашањето ни е важно и не е во ред да го одлагаме. Одложувањето на изборите не е опција, рече шекеринска. Таа одговараше на новинарско прашање за коментарза изјавата на претседателот Талат Џафери дека нема намера повторно да го свика распуштениот Парламент заради ратификација на Протоколот за НАТО.

„Не можете да барате од пратениците да гласаат за уставни измени, а од друга страна да им кажете не сте ни потребни за да го потврдите нашето членство во НАТО. Гласаа за тие уставни измени и за да го направат сето тоа возможно и затоа нашата цел е тоа да го направи и да го ратификува овој собраниски состав“, рече Шекеринска.

Таа вели во ниеден момент не може да се каже – немаме Собрание. Министерката денеска го презентираше Буџетот за одбрана во 2020 година. Тојќе изнесува 10,1 милијарда денари што е зголемување од 22 проценти во однос на оваа година. Од сумата на буџетот за одбраната која претставува 1,4 проценти од БДП на земјата, првпат 20 проценти ќе бидат наменети за опремување и модернизација на Армијата, што е и обврска и од членството во НАТО.

„Буџетот за одбрана за 2020 година е буџет за одбрана на земја членка на НАТО и се водевме од таа премиса кога го планиравме“, рече Шекеринска.

Согласно членството во НАТО, обврска на земјата е буџетот на одбраната да изнесува 2 проценти од БДП.

Американскиот претседател Донлад Трамп синоќа испратил писмо до претседателот на Сенатот во врска со зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

„Вклучувањето на Северна Македонија во НАТО не ја намалува способноста на САД да ги исполнат нивните воени обврски надвор од Северноатлантскиот регион“, истакнал Трамп во писмото

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com