-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Шекеринска на средби во Стејт Департментот и во Пентагон: САД сакаат Северна Македонија што поскоро да почне преговори со ЕУ

Најчитани вести

Местото на Западен Балкан е во ЕУ, а новата американска администрација сака што поскоро да ја види Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со Унијата, е заклучокот од средбата на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска со новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во Стејт департментот. 

Шекеринска, како што соопштија од Министерството за одбрана, имала средба и со првиот човек на Бирото за политички и одбранбени прашања Тимоти Алан Бејтс, на која била реафирмирана американската позиција за стабилен и просперитетен регион и решавање на прашањата кои ги попречуваат мирот и стабилноста.

„Нашата држава како членка на НАТО ја прифаќа одговорноста да придонесува во безбедноста на Балканот и учествува во повеќе регионални иницијативи како и во мисијата КФОР во Косово“, изјавила Шекеринска.

Таа вчера имаше средби и во Пентагон, каде што разговараше со Хајди Грант, директорка на Агенцијата за безбедносно-одбранбено соработка за тековните проекти за модернизација на Армијата.

Министерката во Вашингтон го посети и Националниот меморијален центар Арлингтон каде што положи цвеќе на Гробот на незнајниот војник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com