33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Шекеринска: Набавката на вакцините Синофарм покажа колку е ризично кога брзате, затоа што тогаш ќе бидете обвинети дека сте влегле во ризик

Најчитани вести

„Не знам од каде ви е информацијата дека Владата основала оф-шор фирма. Се работи за лага од неверојатни размери. И да тргнала Владата тоа да го прави, претпоставките се дека до крај така ќе ја терала работата“, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за емисијата „Трилинг“, одговарајќи на прашање за наводите во италијанскиот весник „Ла Верита“.

Според неа, целта на Владата била да се обезбедат вакцини час поскоро, во моментите кога станало јасно дека Ковакс-механизмот ќе потфрли затоа што побарувачката во светот е преголема.

„Рековме дека бараме вакцини од сите производители и истото го направивме со руските и кинеските вакцини. Во моментов ниедна вакцина не можете да ја добиете, ако претходно не платите. Ова со Синофарм покажува дека колку е ризично кога брзате, затоа што тогаш ќе бидете обвинети дека сите влегле во ризик. Во светот денес најмногу се вакцинираат земјите кои многу можеа да ризикуваат“, изјави Шекеринска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести