18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Шекеринска: Мицкоски бега од изборен дуел со Заев и тоа е поразително за секоја опозициона партија

Најчитани вести

Законот за одбрана го чека ветеното дво-третинско мнозинство, нидејќи ниту една партија немаше забелешки за истиот, но и бидејќи сите парламентарни партии како приоритет во своите програми го имаат влезот во НАТО, вели во интервју за Стандард вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Таа додава дека во Собранието не стигнал предлог-закон за одбрана од опозицијата, од каде во јавноста излегоа со информации дека поднеле законско решение без членот во кој се споменува Армијата, истакнувајќи дека кога опозициските претставници се на средби во Европската народна партија или пак на националното собрание на НАТО, не им смета уставното име, а го кочат Законот токму поради тоа.

Шекеринска вели дека барањето на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за „шпицен кандидат“ е бегање од соочувањето со премиерот Зоран Заев како носители на Изборна единица. Според неа, ова ВМРО-ДПМНЕ е само надградено и проширено на најлошата матрица на Груевски.

Изборниот законик е блокиран од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Мицкоски најавува дека биде шпицен кандидат. Дали размислувате да се прифати моделот за шпицен кандидат, ако се најде решение за да се одблокира законот?

Шекеринска: Тоа покажува дека Мицкоски бега од изборен дуел со Заев и тоа е поразително за секоја опозициона партија. Ама како реков, ВМРО-ДПМНЕ остана исто. Бега од дуел, бега од отвореност и бега од рамноправност. Тоа што го правеше Груевски, на ист начин го тера и Мицкоски. Сметаме дека и во изборниот модел треба да промовираме поголема правичност. Изборниот модел со една изборна единица значи дека гласот на граѓанинот повеќе вреди, затоа што колку што ќе се гласа, толку партиите ќе добијат шанси за пратеници. Тоа што го промовираме во економија, социјала, правна држава и други области сакаме да го промовираме и во изборите. Вториот принцип е рамноправност. Да имаме исти шанси за мажите и жените. Џабе дискусии и конференции за правата ако не покажеме исти шанси за жените на изборните листи. Третиот принцип кој го промовираме за изборите е принцип на отвореност, пррку отворени листи. граѓаните велат дека заситени се од гласање за луѓе кои ќе тераат партиска агенда и дека сакаат да поддржат личности кои имаат свој капацитет и за кои тие ќе одлучуваат. СДСМ остана единствената голема парија која се залага за овие работи. Очигледно дека Мицкоски несигурен од својата позиција во ВМРО-ДПМНЕ, бега од отвореност на листите.

Целото интервју прочитајте го на Стандард.мк

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com