10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Шекеринска и Димитров најавуваат дека до Самитот во Лондон ќе имаме и амабасадор и воен претставник во НАТО

Најчитани вести

До самитот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември ќе се знаат новиот амабасадор и новиот воен претставник на Северна Македонија во Алијансата, најавија денеска министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров.

„Северна Македонија до самитот на НАТО ќе има избран свој воен претставник во Алијансата. Нашите мисии се зајакнуваат – и во дипломатскиот и во одбранбениот дел. До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија“, рече Шекеринска.

Димитров, пак, очекува во наредните денови да биде завршена работата и околу назначувањето амбасадор во НАТО.

„Тоа ќе биде човек со искуство и со политичка тежина кој достојно ќе не преставува во НАТО. Ако по 25 години сме на чекор пред влез во НАТО, ќе биде крајно несериозно ако политичките фактори кои учествуваат во постапката за именување амбасадори не успеат да го обезбедат тоа. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на должност“, рече Димитров, изразувајќи увереност дека во наредните денови ќе биде назначен амбасадор во Алијансата.

Тој информираше и дека во МНР веќе е подготвен нацрт закон за прифаќање на Северноатлантскиот договор во нашето Собрание со што и официјално Северна Македонија ќе стане 30. членка на НАТО. Од тоа не дели само една ратификација, во Шпанија, но Димитров очекува таа да се случи наскоро.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com