Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј денеска ќе потпишат меморандум за разбирање во областа на одбраната.
-Меморандумот овозможува креирање ќелија за координација на обуката од Обединетото Кралство, стационирана на армискиот полигон „Криволак“, информира Министерството за одбрана.
По потпишувањето на меморандумот, министерката Шекеринска и амбасадорката Галовеј ќе дадат изјави за медиумите.