17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Шекеринска и Брнз во посета на армискиот полигон „Криволак”

Најчитани вести

Вежбата „Одлучен удар – 21″ ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак” и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Македонија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак” ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21″.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз ќе дадат изјави за медиумите.

Вежбата „Одлучен удар – 21″ ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак” и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Македонија. До самото започнување на вежбата ќе се реализираат повеќе инженериски активности, односно уредување на полигонот „Криволак” што ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.

Настанот се организира според важечките протоколи за здравствена заштита, одржување на растојание и носење на заштитни маски. Од Министерството за одбрана апелираат за време на настанот да се почитуваат пропишаните мерки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести