2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Шекеринска: Законот првпат го решава станбеното обезбедување на припадниците на Армијата

Најчитани вести

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска, на брифинг со новинарите што го следат секторот одбрана информира за измените во Законот за служба во Армијата за кои рече дека се со цел да покажеме дека ги цениме припадниците на Армијата, кои ја уживаат најголемата доверба од граѓаните и дека ги цениме нивните залагања и сето она што тие го направија за да ја достигнеме нашата стратегиска цел – членството во НАТО.

Министерката се осврна на неколку крупни промени, кои, како што истакна, решаваат проблеми што изминатите години биле видени, биле препознаени, но останале нерешени.

„Законот првпат го решава проблемот со станбеното обезбедување на припадниците на Армијата и со овој месечен паушал, месечни надоместоци од 7.000 денари, со кои ќе бидат покриени околу 6.000 припадници на Армијата, едно крупно прашање го оставаме зад нас“, рече министерката.

Шекеринска се осврна и на промените со кои се воведува попрофесионално и многу попредвидливо водење во кариерата, со што, како што посочи, ќе се поправи впечатокот на припадниците на Армијата дека напредувањето, школувањето и шансите за развој зависеле од лични релации, партии и политика.

„Во законот предвидуваме процесот на водење во кариерата навистина да зависи од личните квалитети, од личниот придонес, од трудот и од знаењето. Првпат ги воведуваме и јазичните знаења како еден дел од условите, особено за повисоките офицерски чинови“, истакна министерката и додаде дека законските измени отвораат можност за стипендирање млади луѓе од дефицитарните кадри за Армијата, кои по стипендирањето, својата кариера ќе ја продолжат во армиските редови.

Со новите измени се покачуваат платите и кај цивилните лица вработени во Армијата, со што примањата на овие лица се доближуваат до примањата на воените лица, а се прават и сериозни позитивни измени во пензионирањето на воениот персонал.

„Во Законот за служба во Армијата предвидуваме можности за пензионирање, сега веќе со 55 години возраст и 40 години стаж, во кој влегува и бенефицираниот стаж. Навистина предвидуваме можност припадниците на Армијата практично на овој начин да заминат порано во пензија, но притоа да добиваат 80 проценти од десетте најдобри години“, рече министерката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com