1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Шекеринска во заедничка посета на Летонија со колегите од Црна Гора и Словенија

Најчитани вести

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојува во еднодневна работна посета на Летонија, заедно со министрите за одбрана на Словенија, Матеј Тонин и на Црна Гора, Оливера Ињац.

Домаќин ќе им биде заменик премиерот и министер за одбрана на Летонија, Артикс Пабрикс.

Како што соопшти Министерството за одбрана, заедничката посета на тројца министри за одбрана испраќа моќна порака на силно регионално сојузништво, доверба и планови за уште поинтензивна соработка.

Шекеринска ќе го договара можното вклучување на Македонија кон НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство”, во борбената група чиј домаќин е Летонија, под командна палка на Канада, a во рамките на словенечкиот контингент.

Министрите ќе имаат брифинг со командантите на Механизираната бригада на копнените сили на Летонија Сандрис Гаугерс, и на Канадските наменски сили Жан-Франсоа Чауден, а ќе извршат и обиколка на базата на мисијата и седиштето на словенечкиот контингент.

Заедничката посета на Летонија е уште еден чекор во духот на зајакнување на регионалната одбранбена соработка меѓу Македонија, Црна Гора и Словенија, која особено се интензивираше по членството на нашата земја во НАТО, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести