21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Шевченко по неуспехот во Џенова се враќа на селекторска функција?

Најчитани вести

Aндреј Шевченко имаше завидна кариера како играч, добро му одеше и на селекторската позиција во Украина, но во Џенова кој беше негов прв ангажман во клуб не се прослави.

Шевченко со Џенова забележа дури седум порази во 10 натпревари и успеа да оствари само една победа. Брзо доби отказ поради очајните резултати, а сега „ЕСПН“ пренесува дека Шевченко повторно може да се врати на селекторската работа.

Наводно легендарниот фудбалер е блиску да седне на кормилото на Полска. Покрај тоа се шпекулира дека ќе му асистира полската легенда, Јержи Дудек.

Дудек не буди добри спомени кај Шевченко затоа што токму тој му го одбрани пеналот во финалето во Лигата на шампионите кога Ливерпул стана европски шампион.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com