1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Шевченко на вечера со Малдини: Познат начинот на кој би се вратил во Милан!

Најчитани вести

Mилан колку-толку се држеше во претходните сезони, не се пласираше во Лигата на шампионите, но беше блиску, а оваа сезона изгледа дека ќе биде подпросечна!

„Росонерите“ катастрофално ја започнаа новата сезона со тренерот Џампаоло. Четири порази на шест натпревари, само четири дадени гола, два од пенал, очајна игра…Се што не може да се игнорира и тренерот Марко Џампало набрзо веројатно ќе ја плати цената.

Медиумите во Италија пишуваат дека тој ќе остане на клупата на следниот натпревар со Џенова и дека во текот на репрезентативната пауза ќе добие отказ.

Како потенцијални наследници се споменуваа Лучијано Спалети и Макс Алегри, меѓутоа овие двајца имале преголеми финансиски барања и клубот од „Сан Сиро“ се откажал. Се пишуваше и за Руди Гарсија и Клаудио Раниери, но на крајот само две имиња останаа во игра: Андреј Шевченко и Џенаро Гатузо.

Поранешните соиграчи и добри пријатели чекаат сигнал од капитенот на златната генерација Паоло Малдини, а изгледа дека поблиску е Шевченко. Малдини и Шевченко вечерва ќе се сретнат после натпреварот помеѓу Аталанта и Шахтјор на „Сан Сиро“.

Најголема препрека за Шева да се врати на клупата на Милан е неговата селекторска позиција во Украина и него не му паѓа на памет да и сврти грб на Украина кога оваа селекција е на чекор од пласман на ЕП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com