23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Шевченко добил понуда од Португалија

Најчитани вести

Андриј Шевченко два месеци се задржа на клупата на Џенова. Не успеа да го раздвижи тимот, не успеа да победи во девет натпрвари во Серија, освои само три бода, поради што доби отказ.

Како сега стојат работите, Шевченко нема да биде долго без работа. Влијателниот „Рекорд“, тврди дека Украинецот добил понуда од Бенфика да го наследи Жорж Жесус.

Бенфика го отпушти Жесус пред три недели.

„Рекорд“, тврди дека Шевченко ја разгледувал понудата.

Андриј Шевченко, пред Џенова беше селектор на Украина, со која играше во четвртфиналето на ЕУРО 2020.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com