Home » Швјонтек е тениската кралица во Париз!

Швјонтек е тениската кралица во Париз!

by Журнал.мк

Светската тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек по вторпат го освои трофејот од Ролан Гарос, покажувајќи дека во моментов нема противничка која може да ја сопре нејзината луда серија, победувајќи ја американската тинејџерка Коко Гоф со 6:1/6:3 за нешто повеќе од еден час на тениските терени во Париз.

Со победата, Швјонтек не само што го освои својот втор гренд слем во кариерата, туку и го израмни рекордот на Венус Вилијамс од 35 победи еднопоруго во женскиот тенис, комплетирајќи ја неверојатната серија на највисока тениска сцена.

Откако го освои првиот сет фуриозно за само 33 минути, Швјонтек не започна најдобро, дозволувајќи и на Гоф брејк за 0:2 водство во вториот сет, но Полјачката потоа освои пет гема во низа за да ја преземе контролата на мечот и да стигне до титулата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk