7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Шведски научник со Нобелова награда за медицина за проучување на еволуцијата на човекот

Најчитани вести

Наградата му беше доделена на шведскиот научник Пабо за декодирање на ДНК на неандерталец. 67-годишниот Швеѓанец ги надмина екстремните технички предизвици за ракување со кревки, древни примероци на ДНК, за да успее да ја добие секвенцата на геномот, соопшти организацијата.

Работата на Пабо докажа дека хомо сапиенсот, неандерталците и денисованите се мешале „за време на периоди на коегзистенција“, што резултирало со вклучување на архаична ДНК кај денешните луѓе.

Наградата за медицина е првата од петте што ќе се доделат оваа недела, а ќе кулминира со Нобеловата награда за мир в петок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести