13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда поради Хандке

Најчитани вести

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре изјави дека ќе ја врати наградата во знак на протест поради доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните сили на ОН, изјави дека ќе ја врати наградата во знак на протест поради доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.

Швеѓанката како лекарка на Обединетите нации во 1992 година прва проговори за систематските силувања за време на војната во Босна и Херцеговина и укажала што се случува.

Синоќа таа се обрати пред стотици лица собрани во Стокхолм во знак на протест против одлуката на Шведската академија да го врачи признанието на Австриецот, кој за време на војните во поранешна Југославија го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ и кој отворено негира дека во сребреница се случил геноцид.

Насобраните гласно и аплаудираа и го извикуваа нејзиното име.

Таа се присети на војните на Балканот, од каде известувала и укажувала на злосторствата кои се случуваат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com