14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Швајцарија ги легализираше истополовите бракови

Најчитани вести

Швајцарците на вчерашниот референдум ги легализираа истополовите бракови и им дадоа право на хомосексуалните сопружници да посвојуваат деца.

За легализацијата гласале речиси две третини од Швајцарија, која стана една од последните земји во западниот дел на Европа која ги одобри хомосексуалните бракови.

Според податоците објавени од федералната влада, 64,1 отсто од граѓаните гласале за истополови бракови.

Организацијата „Амнести интернешнал“ соопшти дека со ова гласање е направен голем чекор во рамноправноста.

Ова, исто така, ќе значи дека на странските сопружници ќе им биде полесно да добијат швајцарско државјанство.

Швајцарската министерка за правда Карин Келер-Зутер истакна дека законот ќе стапи во сила на 1 јули 2022 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com