2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Шаќири: Процесот на интеграција во ЕУ останува стратешки приоритет на Владата

Најчитани вести

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири ја потенцираше посветеноста на нашата земја во однос на исполнувањето на сите задачи во рамки на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика во Европската Комисија, на денешниот 17-ти состанок на кој имаше воведно обраќање во својство на ко-претседавач.

„ Владата останува посветена на спроведувањето на клучните реформи истакнати во Извештајот на Европската комисија за 2020 година и организирање ефикасен пристапен дијалог со Европската унија. Процесот на интеграција во ЕУ на Република Северна Македонија останува стратешки приоритет за развој, стабилност и просперитет на земјата и ние остануваме посветени на овој процес“, рече министерот Шаќири.

Според министерот, од особено значење е одржувањето на редовен дијалог со Европската комисија во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, со оглед на тоа што, како што рече, овој поткомитет претставува суштински форум за воспоставување и унапредување на континуираниот дијалог во важни области како што се образование и култура, информатичко општество и медиуми, социјална политика и вработување и наука и истражување.

На состанокот, меѓу другото се дискутираше за Напредокот во однос на препораките од Извештајот од 2020, како и спроведувањето на заклучоците од Поткомитетот од 2020 година.

Инаку, Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика е едно од телата за дијалог помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија, воспоставен во рамки на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com