21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

Најчитани вести

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе испрати писмо до Синдикатот за образование и наука (СОНК) и неговото членство да им дозволат на учениците да се вратат на настава. Министерот изрази надеж дека од понеделник ќе се нормализира воспитно образовниот процес.

Шаќири повтори дека штрајкот на СОНК е опција која е уставно и законски гарантирана и како таква тој ја почитува, но смета дека предност треба да се даде на социјалниот дијалог за надминување на проблемите.

„Покачување на платите ќе има. Приоритет за мене како министер, особено за семејствата на учениците и нивното враќање во училишните клупи. Не смееме да дозволиме нов луксуз и учениците да загубат. Тоа ќе предизвика дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат. Најдобар интерес е учениците да се вратат на настава и да бидат меѓу своите врсници“, истакна министерот.

За време на вчерашните преговори меѓу претставниците на СОНК и министерот Шаќири не беше постигнат договор за зголемувањето на платите на просветните работници и прекин на штрајкот

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com