17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Шахпаска: Состојбата со пандемијата во градинките и дневни центри за лица со попреченост е стабилна

Најчитани вести

Состојбата поврзана со ковид-пандемијата во детските градинки и центрите за лица со посебни потреби е стабилна. Тие остануваат и натаму отворени, но без можност да се зголемува бројот на згрижени деца во градинките, определен согласно здравствените протоколи.

-Во градинките согласно последниот неделен извештај има три нови позитивни дечиња, и 18 вработени. Бројот на деца присутни во градинките во моментов е најголема и сега има 13 350 деца присутни во градинките од 21 300 колку што според протокол смее да бидат во градинките, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Народна кујна во Шуто Оризари.

Таа вели дека со наближување на пролетта и се потоплото време има поголем интерес од родителите да ги праќаат децата во градинка, но повтори дека се уште нема промена на бројката на деца кои може да бидат згрижени во градинките, односно зголемување на опфатот. Комисијата за заразни болести, рече, останува на ставот дека зголемување на бројот не може да има.

-Бројот на деца кои се згрижуваат во гардинките останува на исто ниво. Во јасли може да бидат згрижени најмногу 12 деца, а во групите од две до шест години најмногу петнаесет, рече Шахпаска додавајќи дека комисијата не се согласила бројот на деца во поголемите групи да биде зголемен на 17 или 18 деца.

Таа нагласи дека е стабилна состојбата и во Дневните центри за лицата со посебни потреби. Во изолација, рече им 5-6 вработени и осум корисници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести