-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна

Најчитани вести

Министерката за труд и социјална политика Jагода Шахпаска денеска изјави дека состојбата поврзана со коронавирусот во градинките е стабилна и оти не е конатстирано негово ширење во овие детски установи.

-Состојбата со градинките е стабилна и веќе цела година се одржува како таква. Денеска на реферирањето на утринскиот кризен штаб информирав дека само 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и само девет дечиња, рече Шахпаска во одговор на новинарско прашање.

Дополнително, додаде во изминатите седум дена бил напраен вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите. Извештајот на ДЗСИ, како надлежна инсттуција, покажал дека тие се почитуваат и оти поради тоа не ширење на вирусот во градинките.

– Нивниот извештај, кој е испратен до Министерството за труд и социјална политика, покажува дека протоколите доследно се почитуваат и оти нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките, рече министерката Шахпаска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com