-7.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Шахпаска: Бројот на вакцинирани вработени во скопските градинки порасна на 65 проценти

Најчитани вести

Бројот на вакцинирани вработени во скопските детски градинки е поголем и тој сега изнесува 65 проценти, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, по состанокот со директорите на градинките на територија на Град Скопје.

Средбата со директорите на градинките се организира во пресрет на септември кога се очекува зголемен обем на присуство на децата во градинките.

„Упатувам апел до вработените во градинките кои што досега не успеале од различни причини да се имунизираат, да пристапат кон процесот на вакцинација. Нивната одговорност е особено значајна, бидејќи тие пред сè со личната заштита се грижат за сопственото здравје, а со тоа придонесуваат за зачувување на јавното, општото здравје. Со доследното почитување на препораките на здравствените власти во градинките придонсесуваме и за здравјето на децата“, нагласи Шахпаска која на средбата со директорите посочи дека вработените во градинките треба доследно да го спроведуваат Протоколот за работа во услови на Ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com