По повод најголемата претстава на земјината топка, како што ја нарече тамошниот градоначалник, на Самбадром се собрале над 70.000 добро расположени гледачи желни за танц, со заглушувачките звуци на тапаните.
Во неделата се одржа првата од двете ноќни поворки на училиштата за самба, со големи платформи и светкави костими.
Училиштата за самба, повеќето базирани во фавелите, се гордост на секој кварт. Тие се подготвуваат цела година за оваа претстава која не смее да биде подолга од 70 минути.
Дванаесет главни школи се оценуваат по 9 строго одредени критериуми, помеѓу кои и квалитетот на платформите, костимите, изборот на темите и кореографијата „commisao de frente“, група од исклучителни танчари кои ја отвораат свеченоста.
По откажување на карневалот во 2021 година и одложување на минатогодишниот карневал за април поради коронавирусот, овогодишниот би можел да биде оној изворен, кој ќе го означи враќањето на корените.
Градските власти очекуваат карневалот во Рио да ѝ донесе милионска заработка на локалната економија и 95 отсто пополнетост на хотелите.