9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Шампионот се лизна во Џенова, еврогол на Димарко

Најчитани вести

Актуелниот шампион во Серија А, тимот на Интер одигра нерешено 2-2 на гостувањето во Џенова кај тимот на Сампдорија во првиот натпревар од неделната понуда.

Избраниците на Симоне Инзаги одлично го отворија мечот. Од слободен удар од 18-тина метри Федерико Димарко во 18 минута гаѓаше во десниот горен агол и постигна прекрасен гол за водство на „Нероазурите“ од 1-0.

Во 33 минута израмнување во Џенова. Една топка дојде до домашниот фудбалер Јошида, овој биеше кон голот на Хандановиќ. Топката удри во еден од играчите на Интер, го промени правецот и заврши зад грбот на гостинскиот голман за 1-1.

Сепак, италијанскиот шампион со предност од 2-1 отиде на полувреме. Лаутаро Мартинез најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник во 44 минута по центаршутот на Барела и донесе предност на својот тим.

Само што започна вториот дел, Сампдорија повторно го израмни резултатот во 47 минута. Березински нафрли, а Ауџело ја дочека топката, па ја испрати во левиот агол од голот на Хандановиќ за 2-2.

Самп во 74 минута имаа голема шанса за прво водство, но топката упатена од левата страна од самата гол линија ја исфрли Д`Амброзио.

Кореа, кој во 63 минута влезе во Интер на местото на Лаутаро Мартинез внесе живост кај „црно-сините“, но без реализација.

По три кола Интер останува второпласиран зад Наполи кој има максимални 9 бодови.
Сампдорија од можните 9 бода досега освои само 2.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести