Home Автомото Шампионот Бањаја прв победник во спринт-ерата во Мото ГП

Шампионот Бањаја прв победник во спринт-ерата во Мото ГП

by admin

Франческо Пеко Бањаја остана без пол-позицијата во квалификациите кои се одржаа денеска порано, но сепак покажа дека ќе биде главен фаворит за првото место на утрешната трка, откако триумфираше на првата спринт трка во историјата на Мото ГП.

Од оваа сезона, во „кралската класа“ ќе се возат и спринт трки во стилот на Формула 1, а првата му припадна на актуелниот шампион Пеко Бањаја кој само демонстрираше дека Дукати е доминантен во однос на конкуренцијата во овој момент.

Иако стартуваше прв, Марк Маркез брзо го загуби водечкото место и падна дури на петтото, но од друга страна, Бањаја мирно ја чекаше својата шанса и на крајот успеа да го победи Хорхе Мартин во битката за првото место.

Со тоа, Италијанецот ги освои првите 12 бода во новата сезона и влегува како водечки во генералниот пласман на првата трка, со второто место мораше да се задоволи Мартин кој беше прв на најголем дел од спринт трката, додека Маркез успеа да ги мине Милер и Оливеира и заврши трет.

Всушност, поради грешка во последниот круг, Оливеирар заврши седми, а пред него беа и Вињалес и Еспаргаро. Осми беше Зарко, а последниот бод го освои Алекс Маркез како деветопласиран.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More