33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Шаленберг: Скопје и Софија билатерално да го решат спорот

Најчитани вести

Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите со нагласена националистичка агенда не беа наградени од страна на бугарските гласачи, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

-Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. Ќе видиме како и кога ќе може да се формира нова влада во Бугарија. Кога и да се случи, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо, вели Шаленберг на прашањето колку се реални очекувањата да ги започнеме преговорите со ЕУ за време на португалското претседателство.

Според него, важно е да се најде решение на билатерално ниво помеѓу Бугарија и Северна Македонија без да се воведуваат овие прашања во процесот на проширување, а дали е потребно посредништво од трета страна, тоа вели, двете земји самите треба да го просудат.

-Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети, посочува Шаленберг.

Во однос на нон-пејперот за прекројување на границите на Балканот, кој наводно произлегол од словенечкиот премиер Јанез Јанша, првиот човек на австриската дипломатија не гледам причина за поголем коментар околу него, поради се уште нејасното авторство на документот.

-Сепак, една работа треба да биде јасна, а Австрија има цврст став околу тоа: територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина не е на располагање под никакви услови, порачува Шаленберг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести