Home »  Шакира со синовите го напушти Мајами

 Шакира со синовите го напушти Мајами

by Журнал.мк

Популарната колумбиска пејачка Шакира е видена како го напушта Мајами со синовите Саша и Милан добиени во 12 годишната врска со светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике.

Поп-ѕвездата е видена на аеродромот во Мајами како држејќи се за рацете се шета со синовите.

Фотографиите доаѓаат откако шпанскиот обвинител ја предупреди пејачката дека може да биде осудена на осум години затвор доколку биде прогласена за виновна за наводна даночна измама од 15 милиони долари. Имено, Шакира била обвинета за затајување данок во периодот од 2012 до 2014 година додека живеела во Барселона.

Шпанското обвинителство бара и парична казна од 25,4 милиони долари.

Тоа се случи откако латино ѕвездата отфрли вонсудска спогодба која би вклучила и нејзино признавање на погрешно дело. Шакира е обвинета дека се преправала дека живее во странство и користела сложена офшор корпоративна структура за да избегне даноци. Таа е обвинета дека користела незаконски договор од 2012 и 2014 година, кога била во врска со фудбалерот Жерар Пике, кој живее и игра во Барселона.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk