17.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

Шакира проговори за проблемите: Го губев гласот, се лекував и со света вода, Пике го виде најлошото

Најчитани вести

Колумбиската пејачка Шакира пред две години поради здравствените проблеми морала да ги откаже распродадените концерти во Келн, Германија. Потоа ги откажала и концертите во Париз, Амстердам и Антверп и на крајот сите 17 закажани во склопот на европската турнеја. На сите им било јасно дека со неа се случува нешто сериозно.

Поради проблемите со здравјето, кога гласните жици кои ѝ се оштетиле на пробите, почнале да ѝ крвават, паднала во депресија. Што сè ѝ се случувало во тој тежок период од животот, искрено раскажала за „Гардијан“.

– Пеењето е она што сум јас. Тоа е мој идентитет. Бев толку на дното поради болеста на гласните жици така што имаше денови кога не можев да станам од креветот. Бев во депресија. Тоа лошо влијаеше и на мојот семеен живот – рекла Шакира.

Во тоа време со својот партнер Жерар Пике и синовите комуницирала само со знаковен јазик, бидејќи воопшто не можела да зборува.

– Не бев позитивна личност во тоа време, напротив, бев депресивна. На сите им беше тешко да ме поднесуваат во таква состојба. Жерар го виде најлошото од мене – рекла искрено Шакира.

Шакира ги игнорирала лекарските препораки дека мора да оди на операција па се обидела да се лекува по алтернативен пат. Се обидела со хипноза, медитација, дури и со света вода од Лурд. За среќа, закрепнала по природен пат па на сцената се качила во јуни 2018 година. Веќе тогаш јавно рекла дека доживеала еден облик на „религиозно искуство“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com