Home » ШАКИРА ИМА НОВА ЉУБОВ Од Формула 1 се префрли на рап

ШАКИРА ИМА НОВА ЉУБОВ Од Формула 1 се префрли на рап

by Lina Muslija

Откако се раздели со шпанскиот фудбалер Жерар Пике, Шакира постојано е во фокусот на медиумите, посебно на таблоидите кои летово ревносно се занимаваат со љубовниот живот на славната пејачка. Прво се пишуваше дека Шакира е во врска со возачот во Формула1, Луис Хамилтон, а сега дека е во љубов со раперот Дрејк.

Шакира и Дрејк се фотографирани како заминуваат заедно од приватна забава  во Лос Анџелес, околу 4:30 часот наутро. Извори од местото на настанот наведуваат дека тие флертувале и дека канадскиот рапер е новото момче на пејачката.

Шакира (46) е десет години постара од Дрејк (36), кој била со некои од најпосакуваните жени на јавната сцена, како Џенифер Лопез и Ријана.

А каде е Луис Хамилтон во целата приказна? Шакира и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 беа фотографирани како поминуваат време на јахта ова лето, а беа заедно за време на Ф1 трката за ГП на Велика Британија. Меѓутоа, медиумите сега пренесуваат дека меѓу нив не се случува ништо повеќе од „убаво пријателство“.

Шакира минатата година објави дека се разделува од Жерар Пике, а двојката сега се бори за старателството над синовите Милан и Саша кои по разделбата заедно со својата мајка се преселија од Барселона во Мајами.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More