Home » Шакира завршила во Брза помош: „Само сакав да ве известам…“

Шакира завршила во Брза помош: „Само сакав да ве известам…“

by Журнал.мк

Колумбиската пејачка Шакира, која неодамна потврди дека ја раскинува 12-годишната врска со играчот на Барселона, Пике, открила зошто завршила во амбулантно возило каде ја снимиле папараците.
Имено, 45-годишната пејачка открила дека нејзиниот татко Вилијам Мебарак Шадид доживеал незгоден пад и завршил во болница.
„Добив бројни пораки за загриженост затоа што неодамна ме видоа во амбулантно возило во Барселона“, објавила пејачката на Твитер.
„Само сакав да ве известам дека тие фотографии се направени минатиот викенд, кога татко ми за жал тешко падна и јас го придружував во болница со брза помош, каде што сега се опоравува“, продолжила таа.
Таа ставила и фотографија на која нежно го бакнува лицето на нејзиниот татко, кое е покриено со модринки.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More