8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Шакира е горда, љубителите на фудбалот воодушевени: Пике одлучил да направи потег кој предизвикал восхит ширум светот

Најчитани вести

Колумбиската пејачка ретко ги спомнува професионалните успеси и кариерата на својот животен сопатник, но овојпат не одолеала на можноста да сподели со сите колку е горда.

Содржината продолжува после огласот

Пејачката Шакира која овие денови се мачи со обвиненијата за затајување на данок поради што би можела да заврши зад решетки, споделила на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм фотографија од својот сопруг, фудбалерот на ФК Барселона Жерард Пике, како го слави натпреварот кој неговата екипа неодамна го играше против ФК Реал Сосиедад.

Таа искористила јавно да му каже колку е горда по неговиот потег кој цел фудбал во Европа го остави без текст – се согласи платата да му се преполови поради интересите на клубот.

„Многу сум горда на тебе. Твојот тим, твојот клуб и ние, твоето семејство секогаш може да сметаме на тебе кога си ни најпотребен“, порачала Шакира.

Инаку, популарната Колумбијка и фудбалерот на шпанската репрезентација се заедно од 2011 година и имаат двајца синови – Саша и Милан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com