Поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, откако замина во пензија, постојано се наоѓа на насловните страници во медиумите поради неговата разделба со пејачката Шакира, но и со неговите испади во јавноста.
Еден таков инцидент се случил неодамна и тоа пред домот на неговите родители, кога новинарот Жорди Мартин го запрашал Пике за коментар за најновата песна на Шакира, која по разделбата преку песни го понижува и него и неговата сегашна девојка.
Пике одбил да одговори на прашањето и со девојката Клара Чиа Марти влегол во домот на неговите родители. Новинарот останал да чека пред куќата, а кога излегол Пике предизвикал инцидент.
„Поминав низ непријатна епизода со Пике и Клара Чиа, за малку ќе ме прегазеа. Кога излегоа, Пике забрза и за малку ќе се изгазеше се пред себе со неговиот автомобил. Нешто подоцна, се разминавме и двајцата ми се смееја, ме навредуваа и непристојно гестикулираа“, изјави новинарот Мартин во емисијата „Ел Гордо Ла Флака“.
Новинарот откри дека Пике не застанал тука, туку му се заканувал и по телефон.
„Пике го пронашол мојот број на телефон, ми се јави и ми рече дека ќе умрам. Ова не му е првпат да направи вакво нешто“, додал Мартин.