Home » Шабани: Се надеваме на триумф против Шкупи

Шабани: Се надеваме на триумф против Шкупи

by Журнал.мк

Есенскиот првак Струга Трим Лум е домаќин на Шкупи во најинтересниот меч од 22. коло во Првата фудбалска лига. Тоа е битка на двете екипи кои се во трка за титулата, а на клупата на стружани ќе дебитира новиот тренер, Шпетим Дуро, кој го замени Срѓан Захариевски.

„Добро се подготвивме за мечот со Шкупи. Работевме максимално цела недела, па верувам дека подготвени ја пречекуваме оваа дерби пресметка. Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот за тимот конечно да дојде до победа. Со новиот тренер Шпетим Дуро сите играчи даваа максимум на тренинзите, па се надеваме на триумф“, изјави Буњамин Шабани, капитенот на Струга Трим Лум.

ФК Скопје исто така го промени тренерот. Мирсад Јонуз ќе се обиде да го извлече тимот од дното на табелата, а денеска ќе дебитира против Македонија ЃП.

Шкендија во Тетово го пречекува Работнички, а дефанзивецот Клисман Цаке најавува дека тетовскиот тим ќе атакува на трите бода.

Академија Пандев е фаворит на дуелот против Победа, а во Кратово ќе има пресметка меѓу Силекс и Брегалница.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk