20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Чурлинов се сели во белгиски Андерлехт за четири милиони евра

Најчитани вести

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов иако имаше забележителен старт на сезоната во германскиот бундеслигаш Штутгарт, сепак ќе замине во нова средина. Чурлинов се догворил за трансфер со белгискиот гигант Андерлехт, објави „Скај Германија“.

Според информациите на германски „Скај“, Андерлехт се очекува да плати помеѓу четири и пет милиони евра за трансферот на македонскиот напаѓач. Чурлинов ќе потпише договор со Белгијците за петгодишна соработка до летото 2027 година.

Андерлехт е на чекор за 15 милиони евра да го продаде левиот бек Серхио Гомез, според последните најави од Англија, па дел од парите ќе ги искористат за да го ангажираат Чурлинов. Сега останува Белгијците и „швабите“ да постигнат договор за трансферот.

Чурлинов со Штутгарт има договор до 2024 година, а имаше одлична пред-сезона, даде и гол за победа во Купот на Германија. За него заинтересиран беше и англиски Барнли, но понудата од три милиони евра беше неприфатлива за бундеслигашот.

Чурлинов е поранешен фудбалер на Келн од каде дојде во Штутгарт, а во минатата сезона играше на заем во Шалке 04.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com