Каталонскиот клуб поведе преку Роберт Левандовски во 3. минута, а потоа Англичаните направија пресврт преку Оливер Скип, кој погоди во 24. и 36. минута.
Тотенхем водството го одржуваше до 81. минута.
Барселона израмни преку Феран Торес во 81. минута, а Ансу Фати погоди за нов пресврт во 90-та.
Абде Езалзули во 93. ги постави конечните 4:2.
Во 80. минута Чави го внесе 16-годишниот Ламин Јамал наместо Ерик Гарсиа и на тој начин направи пресврт.
Јамал асистираше до Торес во 81. минута и беше најдобриот поединец на Барселона до крајот на натпреварот.
Тој до крајот на натпреварот учествуваше во останатите голови, а навивачите на Барселона беа воодушевени по неговата игра.
Шпанецот Јамал е по потекло од Мароко и Екваторијална Гвинеја и е „дете на Барселона“. Може да игра како десно крило, полунапред или напред.
Во април, Јамал стана најмладиот играч во историјата кој играл за Барселона. Тој во игра влезе во 83. минута од натпреварот од 32. коло на Ла Лига меѓу Барселона и Бетис (4:0) на 15 години, 9 месеци и 16 дена.
Така, тој го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинес Саги, кој дебитираше за Барселона во 1922 година кога беше два месеца постар од Јамал.
Јамал стана и петтиот најмлад играч во историјата на шпанското првенство.