Home » Чудесен тај-брејк во Хихон: Траеше 33 минути и играчот што спаси девет меч топки – победи!

Чудесен тај-брејк во Хихон: Траеше 33 минути и играчот што спаси девет меч топки – победи!

by Журнал.мк

Францускиот тенисер Артур Риндеркнех славеше голема победа над далеку попознатиот тенисер Пабло Карено-Буста во Хихон (4-6, 6-3, 7-6/16), во меч во кој траеше нешто повеќе од три часа и имаше чудесен крај. 

Победникот на натпреварот беше решен во тринаесеттиот гем од третиот сет, а тој тај-брејк траеше 33 минути. На крај, Риндеркнех, откако спаси девет меч-топки, победи со 18-16.

Ова е втор тај-брејк по бројот на одиграни поени оваа сезона. Фановите повеќе поени видоа на мечот меѓу Опелка и Иснер во Далас – 46 поени.

Французинот на тој начин се избори за полуфинале во Хихон, каде го чека победникот од дуелот меѓу Енди Мареј и Себастијан Корда.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More