30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Чочеци и ора, сите на нозе на свадбата на Александар Белов

Најчитани вести

Со цитат од Шуберт, дека “среќен е оној маж кој ќе најде вистински пријател, а најсреќен е оној што најдобриот приајтел ќе го најде во својата сопруга“, наздрави вечерва пејачот Александар Белов пред гостите, како вовед пред свадбениот танц со неговата Јелена.

Младенците вечерта ја отворија на песната „Ако те питају моја љубави“ од Петар Грашо, која ја избраа за прв свадбен танц.

По валцерот, следеше вистински џумбуш, па се играа чочеци, ора, се пееја македонски и српски песни. На свадбата во ресторанот „Женева Лукс“ во Крагуевац, свиера два бенда, а посебни песни беа специјално испеани за гостите од Македонија. Сите гости беа расположени и заедно со младенците постојано играа.

Двојката денеска се венчаше во манастирот „Дивостин“ во Крагуевац. Невестата имаше вел на кој беше навезена срма, а малженецот беше облечен во тегет костум. Младенците се решија за мала свадба, па имаше околу 250 гости.

Подготви: Редакција Репортер

Текстот Чочеци и ора, сите на нозе на свадбата на Александар Белов е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести