5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Чола со список на барања за да пее на свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ: Сепак ангажирале други пејачи

Најчитани вести

Најмладиот брат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе во понеделникот го кажа судбоносното „да“ на својата вереница, спортската новинарка Сашка Веселинов.

На интимната венчавка во црквата Свети Марко во Белград присуствуваа најблиските членови на семејството, кумовите и неколку блиски пријатели.

Пред да отпатуваат за Црна Гора, каде се организираше главната прослава, која траеше дури два дена, младенците отидоа на краток ручек со најважните личности во нивниот живот во ресторанот на семејството Ѓоковиќ во Нов Белград.

Извор близок до Сашка и Ѓорѓе, за српските медиуми вели дека ништо не препуштиле на случајноста кога станува збор за организацијата.

„Прославата што беше организирана во Црна Гора траеше два дена со целосно различна забава“, вели изворот.

„Бидејќи музиката е еден од главните елементи на добрата свадба, тие вложија посебен напор со изведувачите. Додека на хотелската забава првиот ден пееја Александра Пријовиќ, Жељко Самарџиќ и Сергеј Ќетковиќ, на забавата организирана на плажа вчера настапија Милица Павловиќ, Саша Ковачевиќ и оркестарот на Александар Софронијевиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести