12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Човек се обиде да влезе во дворот на Елисејската палата со запалено шише

Најчитани вести

Како што јавија во текот на ноќта француските медиуми, еден човек се обидел да влезе во дворот на претседателската палата, кој се наоѓа на бројот 55 на улицата Фобург Сен-Оноре, во 8-миот арондисман во Париз, јави дописникот на МИА.

Како што пишува „Фигаро“ повикувајќи се на потврдени извори, човекот се обидел да се искачи на огромните порти што го штитат местото на живеење на претседателот на Републиката, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, тој со себе носел шише со течност и парче ткаенина претходно запалена.

Ова лице било придружувано од двојка која фотографирала и ја снимала сцената. Тројцата беа приведени за „намерно насилство со оружје“, додава истиот извор. Полицијата треба да утврди дали запаленото шише е фрлено или лицето едноставно го испуштил предметот.

Истражителите исто така ќе треба да ги откријат мотивите на сторителите. Според полициски извор, течноста во запаленото шише не била опасна и човекот, на возраст од околу триесет години, тврдел дека е уметник кој не сакал да изврши акт на насилство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести