15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

ЧОВЕКОТ ШТО ГО СПАСИ ЗИЈАДИН СЕЛА, И ТОЈ Е ТЕРОРИСТ?

Најчитани вести

„Терористите употребуваат насилство или сила против владите за да ја срушат или против граѓаните за да ја разнишаат нивната доверба во оние што се на власт. Во нашиот случај, дел од тие што влегоа во Собранието, беа организирани од самата власт со цел да не ја предадат власта“, вака Стево Пендаровска го објаснува својот став зошто насилниците од 27 април не ги смета за терористи.

Претседателот на државата прави разлика и од насилните настани во Америка.

„До овој момент нема податок дека Републиканската партија, која тогаш беше на власт, го организирала тоа. Кај нас меѓу обвинетите имаше високи функционери на тогашната партија на власт – директор на УБК, луѓе од Агенцијата за разузнавање, од армијата, од МВР. Значи, власта самата организираше да не се случи мирно примопредавање на власта“, појаснува Пендаровски.

Тоа што тие го користеа насилството за политичка цел, да не се предаде власта, смета дека е загрозување на уставниот поредок.

„Затоа е неразбирливо кога некои во опозицијата велат дека тие луѓе се уставобранители, кога во суштина се уставорушители“, вели Пендаровски

Во прилог на својата теза дека не се терористи,  претседателот одговори со прашање:

„Пред неколку дена имавме протест на десетина Албанци, граѓани што тврдат дека сакам да го минимизирам делото што го направиле обвинетите за 27 април. И сега јас нив ги прашувам, човекот што го спаси Зијадин Села – и тој е терорист?“

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести