Членови во избирачките одбори во Општина Желино за локалните избори во октомври 2021 година, десет месеци ги чекаат надоместоците, а од општинска изборна комисија биле информирани дека нема средства за оваа намена.
Од општината потврдуваат дека проблемот е во недостигот на пари.
-Ве информираме дека поради блокирана сметка на општината не сме биле во можност да ги подмириме обврските према изборната комисија, исто така заради покачувањето на цената на електричната енергија сме имале проблеми со редовното и безпрекорно функционирање на општината. Ве информираме дека за најкраток можен рок ќе се потрудиме за да целосно ги расчистиме обврските према сите вклучени во процесот на изборите со редослед на избирачките места, информираат од ОИК Желино.
Вакви проблеми имаше и Општина Тетово, но во текот на 2022 година беа исплатени средствата.
Од Државата изборна комисија за ваквите проблеми на општините информираа дека испратиле допис до Министерството за финансии каде се објаснува целата ситуација и се бара од нив решение, да се најде соодветен начин за исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори.
Минатата година Државната изборна комисија по првата јавна седница за локалнтие избори информираше дека за преку 36.000 лица ангажирани во сите 3.500 избирачки одбори и 80 ОИК-ии, по Законот за локални избори, паѓаат на товар на општините кои треба да ги планираат овие средства во редовните годишни буџети. /МИА