23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Чистење на реката Пена и месноста Бањиче по повод Светскиот ден на водата

Најчитани вести

Македонско – хрватското друштво (МХД) заедно со еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ денеска по повод Светскиот ден на водата спроведе акција за чистење на речното корито на Пена и на месноста Бањиче близу Тетово. Активностите се во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп на загадувањето на водите“.

-И покрај не толку поволните временски услови, акцијата беше успешно спроведена и беше собрана голема количина на пластика, хартија и друг вид на отпад, па дури и делови од возила. Се собираше смет од реката Пена, во самата месност Бањиче, околу изворите со минерална вода, долж патот и патеката. Десетмина активисти собраа над 35 вреќи смет. Се надеваме дека ваквите активности ќе послужат како поттик за здрава животна средина, но и за здрава и чиста вода, информираат од МХД.

Во текот на денот беше одржана и панел дискусија поврзана со загадувањето, квалитетот и заштитата на водите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести