29.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Чешмеџиев потпиша за Шкупи: Чест ми е што ќе учам од Седлоски

Најчитани вести

По престојот во Вележ, Чешмеџиев се враќа во Македонија, во следната сезона ќе го носи дресот Шкупи. 

„Дефанзивецот Констнатин Чешмеџиев официјално е дел од Шкупи. Поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година ќе ја засили конкуренцијата во дефанзивната линија“, се вели во соопштението на Шкупи. Чешмеџиев вели дека во Шкупи дошол бидејќ се работи за сериозен проект и што ќе има можност да учи од Седлоски кој играше на негова позиција.

 „Луѓето од клубот ме контактираа додека бев фудбалер на Вележ, тоа беше пред еден месец. Тие ми ги кажаа плановите и идеите на клубот и знаев дека се работи за сериозен проект. Одлучувачки фактор што дојдов тука беше излезот на европска сцена, и фактот дека тренер е Гоце Седлоски од кој ќе ми биде чест да учам, и новиот стадион, и инвестициите во инфраструктурата. Да бдадм искрен, не се мислев многу, бидејќи ми се допаднаа плановите на клубот“, вели Чешмеџиев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com