21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Чешки тајкун возел со 400 километри на час: Германската влада со осуда за возачот

Најчитани вести

Чешкиот тајкун Радим Пасер го возел своето „Бугати Широн“ со брзина од 417 километри на час на автопат во Германија и снимил се, поради што Министерството за транспорт на таа земја објавило остро соопштение во кое се наведува дека се работи за „свирепо возење“.

На видеото објавено на Јутјуб каналот на Пасер се гледа како тој вози „Бугати“ со огромна брзина на делот од автопатот А2 меѓу Берлин и Хановер. Пасер под видеото напишал дека е снимено минатата година, на рамна делница од 10 километри со три ленти и при одлична видливост и додал дека „безбедноста била приоритет“.

Сепак, на видеото се гледа дека видливоста не била многу добра, бидејќи се стемнувало.

Меѓутоа, германското Министерство за сообраќај не се согласува дека возење со толку голема брзина може да биде безбедно и јавно го критикувало чешкиот милионер.

Министерството во соопштение кое го објавило “AP” навело дека “го осудува секое однесување на патиштата кое доведува или може да доведе до загрозување на учесниците во сообраќајот”.

“Сите учесници во сообраќајот мора да се придржуваат до правилата”, се наведува во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com