27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Чешките полицајци добија луксузно Ферари

Најчитани вести

Како и нивните италијански колеги, чешките полицајци ќе фаќаат криминалци во суперспортски автомобил. И додека Италијанците најчесто возат во ексклузивни верзии на Alfa Romeo, па дури и Lamborghini, Чесите добија можност да патролираат во Ferrari. И тоа моделот 458 Italia.

Скапиот автомобил е одземен пред повеќе од десет години и оттогаш седи и собира прашина. Полицијата решила да го врати на патиштата. Се разбира, тие морале да направат измени пред тоа. Иако автомобилот имал поминато само околу 2.000 километри, тоа што стоел десет години барало детален преглед и замена на некои делови, па цената на средувањето се искачи на 5.300 евра. Дополнителни 13.800 евра се потрошени за бојадисување и опремување на автомобилот со специјални системи во согласност со полициските потреби.

Од полицијата велат дека Ферарито ќе се користи за лов на учесници во нелегални трки, како и за потрага по украдени возила, патролирање на автопат итн.

Чешката полиција во текот на минатата година запленила речиси 900 автомобили, а споменатото Ферари 458 не е највредниот и најспецијалниот автомобил што го запленила во последните неколку години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com