21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Чешка ја обвини Русија за експлозија во 2014, сега претседателот ретерира

Најчитани вести

Претседателот Милош Земан денеска покрена сомнежи во врска со учеството на Москва во огромната експлозија во магацин за муниција. Тоа доаѓа по дипломатскиот спор околу обвинувањата за руска саботажа.

Русија можеби не стоела зад експлозијата во 2014 година во склад за муниција во Чешка, рече чешкиот претседател Милош Земан во денешното телевизиско обраќање.

Прага предизвика дипломатски бес минатата недела кога ги обвини руските разузнавачи за катастрофалната експлозија и протера 18 вработени во руската амбасада.Потоа селедуваа протерувања од Москва, а чешката влада нареди уште 63 дипломати и руски персонал да заминат до крајот на мај.

Некои колеги членки на Европската унија дејствуваа солидарно и исто така ги протераа вработените во руските амбасади. ЕУ и НАТО исто така издадоа објави за поддршка на централноевропската земја.

Земан ја осуди „хистеријата“ во обраќањето на јавноста и предупреди на „каква било форма на хистерија“ и ги повика луѓето да ги чекаат резултатите од полициската истрага.

Тој рече дека постојат две работни теории за тоа како се случила експлозијата во приватното складиште за муниција во 2014 година: едната вклучува руска саботажа, а другата вклучува несреќа поради лошо ракување со експлозив.

„Јас сериозно ги сфаќам обете теории и посакувам темелно да бидат испитани“, рече тој.

„Се надевам дека ќе ја дознаеме вистината“, рече претседателот, без да ја исклучи идејата дека станува збор за „разузнавачка игра со сериозни последици за нашиот домашен политички живот“.

Две лица загинаа во експлозијата во Врбетице, на истокот од земјата.

Земан рече дека нема докази дека двајцата наводни шпиони влегле во објектот.

Кремљ жестоко ги негира обвинувањата на владата на премиерот Андреј Бабиш.

Земан важи како човек со блиски врски со руската влада и бил гостин на претседателот Владимир Путин во Сочи во 2017 година. Тој има во голема мерка церемонијална улога од 2013 година.

По неговото обраќање, чешките опозициски политичари го обвинија за дезинформација и го критикуваа за сомневање во работата на тајните служби.

Опозиционерот Павел Фишер, кој е шеф на комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на горниот дом на парламентот, рече дека гледа убедливи, доверливи информации и дека сомнежите на Земан го нарушуваат угледот на земјата.

„Земан сега отворено стои на страната на Русија и стана нејзин застапник“, рече Фишер во објавата на Фејсбук.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести