10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Чеферин: Не ми беше лесно, морав со виски да заспивам

Најчитани вести

Суперлигата траеше 48 часа, УЕФА се смета за победник. Чеферин вели дека во вторникот добил 3.800 пораки.

„Во неделата морав да земам виски за да заспијам. Во вторникот добив 3.800 пораки на кои не успеав да одговорам. На клубови кои беа загрижени поради Суперлигата им кажав да ми дадат 24 часа и дека таа повеќе нема да постои. Се јавив на неколку места, но најважното го направија навивачите“, вели Чеферин.

Перез изјави дека не го сака Чеферин како претседател на УЕФА, а Словенецот вели дека тоа е уште поголема мотивација за него.

„Тој не сака претседател како мене? Тоа е уште поголем мотив да останам на функцијата. Перез сака контрола, а јас се обидувам да го правам тоа што мислам дека е најдобро за европскиот и светскиот фудбал. Притоа, тој бил претседател на Суперлига. Претседател на буквално ништо“.

Чеферин вели дека најмалку е разочаран од Барселона.

„До некаде сите ме разочараа, но Барселона најмалку. Неодамна го избраа Жоан Лапорта за претседател, а со него разговаравме неколку пати. Беше под голем притисок поради финансиската ситуација, која ја наследи и не беше виновен за неа“.

Тој ги демантира шпекулациите дека им дал пари на Англичаните за да се откажат.

„Од каде ми се милијарди за да ги понудам на англиските клубови? Исто така, да им дадев пари, немаше да се извинат. Знаат добро дека згрешија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com