Home » Чеферин: Ако некој треба да се жали, тоа не се фудбалерите, туку фабричките работници

Чеферин: Ако некој треба да се жали, тоа не се фудбалерите, туку фабричките работници

by Журнал.мк

Прeтседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во интервју за „Газета дело Спорт“ им одговори на сите тренери и играчи кои се жалат на премногу натпревари во сезоната. Најконкретни беа Пеп Гвардиола и Јирген Клоп и добија директен одговор од Чеферин.

Тој смета дека оние што навистина треба да се жалат се работниците во фабриките кои заработуваат едвај по илјада евра, за разлика од огромните плати на фудбалерите.

„Клубовите побараа десет натпревари во Лигата на шампионите, ќе има осум, вистинската бројка. Лигите со 18 екипи би биле покорисни, но претседателите на фгедерациите не се согласуваат. Треба да разберат дека два национални купа се премногу. Клоп и Гвардиола протестираат. Лесно е секогаш да се нападнат ФИФА и УЕФА, но ситуацијата е јасна – ако играте помалку, платите се намалуваат. Ако некој треба да се жали, тоа се работниците во фабриките кои заработуваат едвај илјада евра месечно“, изјави Чеферин за „Газета дело Спорт“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More