18.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Четири од топ 10 најпопуларни апликации се во сопственост на Фејсбук

Најчитани вести

Во последната деценија, Фејсбук е убедливо лидер на пазарот на мобилни апликации и сервиси, според анализите на компанијата „App Annie“.

На топ 10 листата на најпопуларни мобилни апликации, достапни за оперативните системи Андроид и iOS, на првите четири места се најдоа Фејсбук, Фејсбук месинџер, Ватсап и Инстаграм. На сите овие сервиси сопственик е токму Фејсбук.

На петто место се најде Снепчет, Скајп е на шесто место, видео-мрежата ТикТок е на седмо место, Ју-си Браузер (UC Browser, пребарувач наменет за уреди со просечни или слаби перформанси) на осмо, Јутјуб на деветто место, а десетката ја заокружува Твитер.

Со ова се докажува дека Фејсбук е апсолутен лидер на овој пазар во последнава деценија. Самата апликација Фејсбук веќе е дел од секојдневната рутина на голем број луѓе, кои не ја напуштија платформата ни по скандалите во врска со приватноста на личните податоци или пак, лажните вести.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com