Home » Четири од осум изведувачи го откажаа настапот – организаторот најде замена, па и тој откажа

Четири од осум изведувачи го откажаа настапот – организаторот најде замена, па и тој откажа

by Журнал.мк

За денот на независноста, 8 Септември во Пеленица ќе се одржи традиционален пикник, во организација на СДСМ Кисела Вода.

Најавени за настап беа осум пејачи, но дури четири од нив го откажаа настапот, откако сфатиле дека настанот е организиран од политичка партија.

Јордан Митев, Адријана Кеш, Мерак Меана и Татјана и Новица го откажаа својот настап.

Како замена беше најавен Ефто Пупиноски, а неколку часа подоцна и тој најави дека нема да настапи.

Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода.
Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив -објавата на фејсбук страницата на Ефто Пупиновски доаѓа откако беше најавено дека тој ќе настапи на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода.

Ефто Пупиновски беше најавен како замена за музичарот Јордан Митев кој претходно го откажа својот настап. Наместо ликот на Митев на плакатот се наде Ефто Пупиновски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk